Што се случува кога залуденоста ќе избледи и љубовта ќе изчезне? Што може да се направи кога двајца повеќе не припаѓаат заедно? Кога не можат или не сакаат повеќе да бидат во врска?
„Крај на љубовта“ е приказна за крајот. Приказна за двојка која се обидува да ја заврши својата заедничка приказна. Одличните актери, Пиа Земљиќ и Марко Мандиќ, кои се заедно и надвор од сцената, ќе стават крај на својата љубовна врска на сцена. Водени од гнев и силата на разделбата, преку говор и движење двајцата актери ќе подигнат бодликава жица меѓу себе и ќе се обидат да се спасат од виорот во кој се вовлечени и во кој се вовлекуваат меѓусебно.
Времетраење: 2’00’’
Автор: Паскал Рамберт
Режија: Ивица Буљан
Драматург и асистент на режија: Роберт Валт
Костимографија: Ана Савиќ Гецан
Музика и сценографија: son:DA
Пиа Земљич, Марко Мандиќ