„Радар“ зборува за двајца љубовници, самоубиство и (неуспешна) комуникација. Поставувајќи го прашањето за она што би можело да се случи доколку се воспостави врска помеѓу нашиот и „оној“ свет, ја води публиката низ атмосферска потрага за можните причини за самоубиство. Звукот, движењето и поезијата, искомбинирани на уникатен начин, креираат интимна атмосфера во која освен лицата на сцената и публиката е вклучена во самиот перформанс.
„Радар“ раскажува приказна за пропуштени можности и залудните обиди на двајца луѓе да се пронајдат меѓусебно.
*Поддржано од Германската Амбасада и Министерство за Култура на Северна Рајна Вествалија
Времетраење: 1’12’’
Автор: Себастијан Улбрих
Режија: Имануел Бартз
Сценографија и костимографија: Корина Матнер
Звук: Балз Ислер
Светло: Јохен Јанке
Асистент: Јоханес Бен Јурца
Анегрет Тиеман, Мартина Рот, Борис Швајберт, Волф Герлах, Херберт Леви (глас), Мари Џосефин Конен (лик во видеото)