ЗГРАПЧИ ГО МОМЕНТОТ 

МТФ СКУПИ ФЕСТИВАЛ 2013
04/11/2013 - 10/11/2013

Косово: ТЕАТАР ЃАКОВИЦА

„РЕВОЛВЕР“

Автор: Горди Габор

Режија: Бурбуќе Бериша

Асистент на режија: Бехар Зенели

Звучни ефекти: Тримор Доми

Сценографија и костимографија: Петрит Бакали

Играат: Хисен Бинаку, Мирвете Куртиши, Едмодн Хафизадеми, Арбен Леши, Валон Паласка

Луѓето прават сè и сешто за да добијат моќ, и откако ќе успеат во тоа, прават сè за да ја задржат. Ова е главниот двигател во дејствието на „Револвер“ на Унгарскиот автор Горди Габор. Иако е напишана пред неколку години, сепак ова е репрезент на грдата реалност која во моментов му се случува на Косово. Целото дејствите е насочено кон еден револвер, направа која на петте луѓе заглавени во еден подрум може да им донесе моќ. Апсурдноста на оваа комедија е тоа што е прилагодлива за било која земја која минува низ транзиција.

 

Италија: КУЛТУРИФИЦИО БР.7 – ПРАТО

„ФИЈАСКО!“

Автор: Томасо Санти

Режија: Валентина Банчи, Франческо Борци

Асистент на режија: Пиеро Куерчи

Сценографија: Лоренцо Банчи 

Играат: Валентина Банчи, Франческо Борци

Винарија, две столчиња, безброј духови, сите селани.Тоа е Фијаско! Театарски перформанс за сеќавањето на полињата, помеѓу виновите лози, закупците, сопствениците и фармерите. Претставата отсликува забавен и луд обичај, во кој душите на селаните се враќаат меѓу нас, магично, за да создадат свет кој е замрзнат во времето и според тоа - вечен.Вистината и фантазијата се испреплетуваат во Фијаско! Всушност текстот е резултат на часови и часови усна историја, интервјуа со селани, винари, фармери и шумари. Сведоштвата се претвораат во една голема колективна историја, каде што двајцата актери играат многу ликови и изговараат безброј магични зборови, подалеку од локалниот говор, а поблиску до животот, земјата и виното: сето ова е приказна за лудата погребна церемонија која ги остава сите без здив.

 

Албанија: МЕТРОПОЛ ТЕАТАР – ТИРАНА 

„КОНКУРС“

Автор: Александар Галин

Режија: Куштрим Бектеши

Костимографија: Марија Пупучевска

Кореографија: Алби Минарољи

Играат: Розина Костани-Пренди, Ола Харизај, Џени Хаљуљи, Вилма Ходо, Егзона Адеми, Ерјета Цуфај, Генти Дечка, Клодиан Хоџа, Девис Мука, Денис Куруши и Флориан Веизи

Една јапонска компанија отвора конкурс за девојки кои треба да работат во елитен ноќен клуб во Сингапур. Но, огласот во весниците излегува со грешка, без спецификација за критериумите за возраст и карактеристики.На конкурсот се јавуваат возрасни и сериозни жени, кои по секоја цена сакаат да победат на конкурсот, и со тоа да добијат шанса за напуштање на државата. Јапонците, за да се ослободат од нив, поставуват нов услов  - писмено одобрение од нивните мажи. Присуството на мажите ги обеледенува брачните конфликти помеѓу паровите. Дали жените ќе добијат писмено одобрение - останува да видите. Траги-комедијата „Конкурс“ зборува за луѓето кои во периодот на транзицијата го губат натпреварот („конкурсот’’)  на животот. 

 

Словенија: ТЕАТАР ШКУЦ – ЉУБЉАНА 

„СТАНИСЛАВА РЕПАР: ТАА ДВА ПАТИ“

Режија: Ник Упер

Драматург: Нико Горшиќ

Превод на песните, текстот и едитирање на популарните песни: Станислава Репар

Музика: Павел Јоханчиќ, Јири Махачек, Џенифер Хелиа ДеФелис

Светло: Јанко Овен

Кореографија: Вацлав Пучик

Игра: Луција Сипосова

„Таа два пати“ е кабаре базирано на вистинска приказна за поетесата, писателка, есеистка, литературна критичарка, уредник и издавач со словенско и словачко државјанство, Станислава Репар. Таа ѝ се обраќа на театарската публика со еден интересен принцип на уредување на различни форми на текстови од поеми до есеи, од епски дела кои се однесуваат на општествена критика до интимни дневници за вистински љубовни приказни. Делото е Брехтовска љубовна приказна и обид да се прикаже трудот кој еден мигрант го вложува со цел да го регулира својот статус во Словенија наспроти безмилоста на институциите и државните структури, станувајќи Ромео и Јулија во канџите на двата кавкаски државни апаратуси.Авторката покажува како од Словак (не) станува Словенка два пати, во Словачка ја нарекуваат словенски словак, додека во Словенија ја нaрекуваат Словак.

 

Германија: ДРЖАВЕН ТЕАТАР ТУБИНГЕН 

„ПРАЗЕН ГРАД“

Автор: Дејан Дуковски

Режија: Мартин Мариа Ешенбах

Во соработка со: Хана Ландес

Драматург: Кристијан Бок

Музика: Кристијан Питер Макс

Играат: Филип Вилхелми, Бенџамин Јансен

Насред воена зона, двајцата браќа, Ѓоре и Ѓеро, се среќаваат повторно, по многу години.Првиот проблем е тоа што двајцата носат различни униформи, а другиот дека се наоѓаат опколени во напуштен град, кој следното утро ќе стане бојно поле.Невозможно е да дезертираат, а иднината е јасна, оваа ноќ ќе биде последна во нивниот живот, а следното утро носи сигурна смрт.Затоа тие одлучуваат овие последни часови во ова нереално опкружување, да ги поминат уживајќи во животот со полна пареа.

Врз основа на оваа приказна за двајцата различни браќа, Дуковски раскажува една фасцинантна историја.Со речиси вознемирувачка леснотија тој ја опишува целосната слобода која двајца луѓе соочени со смртта ја доживуваат и апсурдноста на нивната ситуација со нескротлив интензитет.

 

Франција/Македонија: Л’ЕСКАЛИЕР 4 – ПАРИС / МТФ СКУПИ ФЕСТИВАЛ – СКОПЈЕ

„А ПЛУС...“

Автор: Жан Жак Варужан

Филмска режија: Фабиен Хемард

Театарска режија: Сандрин Фурлон

Играат: Меделин Бонгард, Клодјана Кецо, Силван Паолини, Аздрен Селими

Делото е резултат на „Европската работилница за автори и актери“ – нова артистичка средба која има за цел да создаде современи театарски дела преку соработка на европски актери и режисери – организирана од МТФ Скупи Фестивал и Л’ескалиер 4 продукцијата, од 2012 година па наваму.

Четири актери (со албанско, македонско и француско потекло), под режисерската палка на Фабиен Хемард (сценарист, режисер и фотограф) и Сандрин Фурлон (актерка и театарски режисер), работеа заедно на два јазика за да ја создадат претставата „А плус...“ – сценскa изведба и микс на филм и театар.

 

САД: ОЛД ДИРФИЛД ПРОДУКЦИЈА – МАСАЧУСЕТС

„МОЈОТ БРОНКС“

Автор: Тери Џенор

Режија: Линда Меклнерни

Музика: Тери Џенор

Играат: Тери Џенор, Мариа Мичел

„Мојот Бронкс“ е интердисциплинарно театарско дело со оригинална музика и поезија на авторката Тери Џенор. Делото е динамично и изобилува со многу бои и текстури. Приказните се вплетени една во друга како таписерија, се движат од минатото кон сегашноста, носејќи ја публиката на патување преку сеќавањата и приказните.Сите овие возбудливи смарагдни форми зрачат од Тери. Таа ги слави своите јамајкански и порторикански корени, нејзината умешност во џезот и поезијата, додека танцува со рачно шиените кукли на замислените улици на нејзиниот Бронкс.

Перформансот нуди алхемиска интеракција помеѓу сценските форми и импровизацијата. Џеноар преку патеката на перформансот црта импровизирана мапа која обликува нови и флексибилни форми.