ДА ПУКНЕ!

МТФ СКУПИ ФЕСТИВАЛ 2011
04/11/2011 - 10/11/2011

Косово: НАЦИОНАЛЕН ТЕАТАР ПРИШТИНА

„РОК ЕНД РОЛ“

Автор: Том Стопард

Режисер: Дино Мустафиќ

Асистент на режија: Ребека Ќена

Драматург: Жељка Удовичиќ

Кореографија: Ѓерѓ Превази

Играат: Куштрим Хоџа, Ментор Зимберај, Греса Паласка, Илире Челај, Арменд Исмаили, Едона Решитај, Адриан Морина, Бесник Крапи, Фисник Зеќири, Ребека Ќена, Семира Латифи, Фисник Сикај, Бенди Јериќ

Денес сите форми на уметност се употребуваат како рефлексија на ставовите против системот, а Рок енд Рол-от секогаш бил и ќе остане една од формите на бунтовништво против политичките системи. Ние бевме удрени со камен по глава и почувствувавме потреба да го покажеме и здробиме истиот – ова е изјава од артистите вклучени во претставата. Според нивните верувања, текстот на Том Стопард во оваа претстава дозволува театарски дијалог со околина и публиката.


Италија: ТЕАТАР ЏУЛАРЕ И ЦСС ТЕАТАР СТАБИЛЕ ДИ ИНОВАЦИОНЕ ДЕЛ ФВГ  

„СОБАТА“

Автор: Харолд Пинтер

Режија: Енрико Деоти, Џулиа Дал’Онгаро 

Играат: Енрико Деоти, Џулиа Дал’Онгаро

Засенетоста од застрашувачката сегашност, човековото искуство на осаменост, несигурност и опасност – со комични и вознемирувачки аспекти – се открива зад прозорецот на една урбана зграда. Во стан во една безбојна зграда, домаќинка и нејзиниот воздржан сопруг чувствуваат дека нивниот дом е мистично загрозен од присуството на сомнителни и вознемирувачки карактери кои тежнеат кон психолошка борба. Атмосферата во собата станува сè поисполнета со несигурност, вознемиреност и насилство. Во деликатниот баланс помеѓу реалноста и имагинацијата, вистината и лагата, актерите играат шест различни улоги. Тие ја искажуваат двосмисленоста на карактерите преку носење на хипер-реалистични маски кои менуваат облик и ја вчудоневидуваат публиката во виорот на нивното појавување, зголемувајќи ја мистичноста и модерноста на претставата. Ова трагикомично дело кое се осврнува на секојдневниот живот е посветено на чувствата на сигурност и закана, на луѓето кои се повлекуваат во сопствените домови како би се заштитиле самите себеси од другите луѓе и сенките на непознатото.  

 

Словенија: ВИА НЕГАТИВА – ЉУБЉАНА 

„УМРИ“

Идеја и текст: Катарина Стегнар и Бојан Јаблановец

Режија: Бојан Јаблановец

Музичка селекција: Катарина Стегнар

Продуцент: Шпела Трошт 

Игра: Катарина Стегнар

„Што би сакале да биде вашата последна вечера? Каде би сакале да бидете погребани? Како би сакале да ве погребаат? Кој би сакале да дојде на погребот? Кој би сакале да држи говор на погребот? Која песна сакате да биде изведувана на вашиот погреб? Кои би биле вашите последни зборови?“ Ова се прашања кои Катарина ги поставува на еден од гледачите, кој/а на крајот на овој краток разговор умира во нејзиниот скут. Смртта е еден интимен чин, но истовремено и навистина спектакуларна сензација. Актерката ги допира овие два аспекта: интимната борба на човек на смртната постела: „Ми рекоа дека ќе поминам низ три фази: првата е порекнување, втората гнев и конечно прифаќање“, како и смртта како спектакуларно искуство за оние кои посматраат од страна. „Умри“ е претстава во која сите присутни учествуваат, актерот станува мртовец, а публиката ја погребува, така што целиот перформанс се претвора во погреб.   

 

Србија: ДАХ ТЕАТАР – БЕЛГРАД 

„ПРЕМИНУВАЊЕ НА ЛИНИЈАТА“

Колекција на вистински сведоштва од различни жени од нашиот регион, собрани во книгата „Женската страна од војната“ публикувана од организацијата „Жени во црно“ - Србија

Режисер: Дијана Милошевиќ

Играат: Маја Митиќ, Сања Крсмановиќ-Тасиќ, Ивана Миленовиќ-Поповиќ

„Преминување на линијата“ е перформанс базиран на текст од книгата „Женска страна на војната“ издадена од организацијата Жени во црно (2007). Делото е колекција на автентични сведошта од женски лица кои се однесуваат на војната која се случуваше на тлото на поранешна Република Југославија од 1991 до 1999 година. Поголем дел од текстовите се веќе претходно објавени во други публикации, кои се занимаваат со прашања поврзани со човековите права и се сметаат за сведоштва, изјави, писма или меморијали. Тие ги прикажуваат определените страдања на жените, но и нивната храброст и сила за надминување на воената траума, воспоставување нормален живот, како и солидарноста која ја покажуваат без разлика на границите и поделбите. Главна цел е да се допре до присутните не само на вербално, туку пред сè, на емоционално и психолошко ниво.

 

Турција: ПЕРА ТЕАТАР – ИСТАМБУЛ 

„КВИНТЕТ – ПРИКАЗНА ЗА ВРАЌАЊЕТО ВО ПЕТ ДЕЛА“

Режисер: Несрин Казанкаја

Автор: Несрин Казанкаја

Филмски секвенци: Илкер Јиген, Мехмет Аслан, Зејнеп Озден

Играат: Несрин Казанкаја, Дефне Халман, Кан Башак, Ердин Аназ

„Квинтет – приказна за враќањето во пет дела“ е нова претстава напишана и режирана од страна на Несрин Казанкаја, како финална претстава од трилогијата на авторката посветена на скорешната политичка историја на Турција.

Претставата се фокусира на четири современи интелектуалци, кои се соочуваат со болниот период и ефектите на нивниот живот во Турција по 1980 година, откако демократијата на земјата станува уште покревка по претрпениот државен удар. Дејствието започнува во моментот кога „Жената“ по 20 години политички азил се враќа во Турција, кога духови од минатото оживуваат, а конфронтациите стануваат неизбежни. Карактерите очајно се обидуваат, но не успеваат да избегаат од неподносливиот товар, кој се осудени да го носат со себе. Ударот кој ја одредил судбината на овие луѓе во најголема мера, во претставата повторно по многу години го превртува нивниот свет и ги растргнува.

Претставата е составена од пет дела: средба – помирување – конфронтација – испраќање – разделба.

 

Босна и Херцеговина: ХАРИС БУРИНА И БОСАНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР ЗЕНИЦА  

„ЧОРКАН“

Автор: Иво Андриќ

Драматург и режисер: Харис Бурина

Асиситент на режија: Сеад Арнаутовиќ

Стручен соработник: Нeџад Фејзиќ

Игра: Харис Бурина

Нема да погрешиме ако во Чоркан, еден од опсесивните ликови на Андриќевиот книжевен универзум, препознаеме своевидна драма на идентитетот. Оваа литературно-поетична проекција на мачната и драматична потрага за „сложноста на душата“, всушност претставува борба за сопствениот, како индивидуален, така и колективен идентитет.     

 

Франција: Л’ЕСКАЛИЕР4 

"DREAMSTORIES... À PLUS"

На сцената

Режисер: Сандрин Фурлон

Играат: Маделин Бонгард,  Силван Паолини

Филмска проекција

Режисер: Фабиен Хемард

Играат: Сандрин Фурлон, Валтер Дикерсон, Елизабет Крег, Лукас Вичорек, Елизабет Кемп

На сцената: Селектирани делови од претставите на Жан Жак Варожан.

На платното: Од Париз до Њујорк, напред и назад, актерката нè внесува во својот интимен сон, каде соништата и реалноста испреплетени за да ни дозволат да предвидиме можност за една поинаква фикција.

 

Полска: НИКОЛИ ТЕАТАР - ПОЛСКА 

„ЛОЛИТА ДОЛИ“

Режисер: Николаи Вепрев

Автор: Николаи Вепрев

Играат: Николаи Вепрев, Доминика Јуча

„Лолита доли“ е базирана на новелата „Лолита“ од В. Набуков. Спектаклот раскажува драматична приказна за девојче сирак, кое после смртта на нејзината мајка потпаѓа под влијание на болниот ум на нејзиниот очув, кој е воедно и вљубен во неа. Оваа „врска“ го инспирира очувот да напише приказна за волкот и јагнето. Ситуацијата во која се наоѓаат двајцата станува опасна. Односот меѓу волкот и јагнето е прикажана преку танцови уметнички движења, кои се метафора на страста која се јавува меѓу Лолита и писателот, односно очувот. Одличниот перформанс на актерите одлично ја рефлектира оваа напната сексуална тензија која се провлекува низ целата врска.