ON THE ROAD

МТФ СКУПИ ФЕСТИВАЛ 2010
03/11/2010 - 10/11/2010

Турција: ДРЖАВЕН ТЕАТАР КОЊА

„ГИЛГАМЕШ“ 

Драматизација: Сирин Актемур Топрак, Гокан Актемур

Режија: Умут Топрак

Сценографија: Али Цем Короглу

Светло: Ерсен Тунцек

Музика: Ихсан Килавуз

Играат: Томрис Цетинел, Умут Топрак

Епопејата за „Гилгамеш“ е епска поема од антички Ирак и е едно од најстарите дела во пишаната литература. Се верува дека извира од Сумерските легенди и поеми за митолошкиот крал-јунак Гилгамеш, кои подоцна се собрани во подолга Акадианска поема. Најкомплетната верзија што постои денес е зачувана во колецијата на кноги од VII век п.н.е. Оригиналниот наслов се вика „Sha nagba imuri“. Гилгамеш бил вистински владетел во периодот на доцната Рана Династија II (27 век п.н.е.)...

 

Косово: НАЦИОНАЛЕН ТЕАТАР ПРИШТИНА 

„ДЕВОЈКАТА И СМРТТА“

Автор: Ариел Дорфман

Режија: Фатос Бериша

Костимографија и сценографија: Илка Брада

Играат: Илка Гаши, Скумбин Истрефи, Луан Јаха

„Девојката и смртта“ е психолошка драма од Чилеанскиот автор Ариел Дорфман, која е разработена низ многу театри ширум светот. Претставата е реализирана и на филмско платно од страна на познатиот филмски режисер Роман Полански, а изведена од познатите глумци Вивер, Сер Бен Кингсли и Стјуарт Вилсон. Нашата верзија на „Девојката и смртта“  е режирана од Фатон Бериша, а играат познатите актери од Косово: Улка Гаши, Шкумбин Истрефи и Луан Јаха. Претставата е камерна и публиката ја следи истата на самата сцена. Темата која се толкува во претставата е болното минато на една жена која живее помеѓу минатото и сегашноста.

 

Франција: НАЦИОНАЛЕН ТЕАТАР СИЛДАВИ / КУЌАТА НА ЕВРОПА И ОРИЕНТОТ 

„ТОА НЕШТО“

Автор: Христо Бојчев

Режија: Доминик Долмие

Сценографија: Арбен Селими

Костимографија: Ен Дешантре

Музика: Франческо Русо 

Играат: Селин Барк, Лорен Грап, Франк Лакроа, Саломе Риши, Кристоф Сигонју, Федерико Угочони

Оваа приказна е повеќе хуманистичка и филозофска, отколку политичка; се проширува во прашања и мистерии, и непристојни однесувања за да се долови Нештото. Без разлика дали нашите карактери ќе го чујат или не, може да се сфати дека Нештото нема никогаш да ги остави намира, и дека овој невидлив странец ќе ги тестира нивните нерви и имагинации. 

 

Романија: ВЛАШКИ ТЕАТАР БУКУРЕШT

„ЖЕНСКА СЕКТА“

од Аристофан

Режија: Тома Еначе  

Играат: Тома Еначе, Топа Василе, Сорин Сагуна, Теодора Цалагиу, Тамара Роман, Кристи Стере, Михаи Ѓеорѓе, Теодор Никола, Анка Цараблаис, Кристина Кабел, Флорентина Костеа, Јоана Зарнеску, Мариана Врана, Сандра Симон, Даниел Нитои

Без вербата човекот се претвара во кловн. Кловнот кој глуми самоволно или е во циркуска претстава најверојатно е воден од самиот ѓавол. Ние се залажуваме лесно бидејќи ѓаволот го контролира тоа на толку суптилен начин што ги прави невозможни предвидувањата на неговите планови...

 

Франција: "1000 CULTURES" ПАРИС 

„ОСУДЕН НА СМРТ“ - КОМПИЛАЦИЈА ОД ПОГРЕБЕН МАРШ И ЉУБОВНА ПЕСНА

Автор: Жан Жене

Режија: Готие Моракс

Сценографија и костимографија: Реџеп Митровица

Игра: Реџеп Митровица

Стиховите на поемата кои се опишуваат со насилна убавина им се посветуваат на Морис и Пилрож, убиец на дваесетгодишно момче, кој во 1939 година умира со егзекуција. Поемата ја отсликува анксиозноста на смртта и страсната желба. Одлични песни, воглавно, од силата на сликите кои се произведени, разни слики зависно од тоа како авторот го користи гласот на љубовникот, оној кој ја извршува егзекуцијата на смртта, или неговиот глас „уплашен од телото и осветленото лице“, гласот на некое младо момче...

 

Данска/Шведска: POLYNIA COMPANY/MALMÖ THEATRE SCHOOL  

„ММЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА?“

Автор: Дејан Дуковски

Режија: Јохан Мелин  

Играат: Ана Фабрициус, Јонас Сартамо, Роберт Болин, Лаи Иде

„Маме му ебам кој прв почна?“ е приказна за кловнови, балерини, ангели, сатаната, мажот, жената, моќта, насилството и се разбира, љубовта. Според „ММЕ кој прв почна“ на Дејан Дуковски, овие фрагменти на човештвото и нечовештвото формираат кратка претстава за љубовта и смртта и сè измеѓу. Глумците се дел од Мастер програмата на Malmo Theater School, а по еден месец експериментирање заедно со режисерот Јохан Мелин - ова е нивниот резултат.

 

Словенија: МИНИ ТЕАТАР ЉУБЉАНА 

„МА И АЛ“

Текст и режија: Ивица Булјан

Играат: Сенка Булиќ, Марко Мандиќ

„Ма и Ал“ е инспирирана од текстовите на Ј.Д. Салингер и Б.М. Колтес. Трите монолози на претставата симболично претставуваат еден нов фиктивен свет кој се дели и се прикажува себеси како вистински и како продолжение на театарскиот и книжевниот простор. Темите кои ги отвора претставата се од секојдневниот живот -  смрт на едно дете, разделување на семејства, американската демократија, војната во Виетнам, релацијата помеѓу класичниот и модерниот театар, уметноста на војувањето, неможноста за комуникација помеѓу класичниот и модерниот театар, уметноста на војувањето, неможноста за комуникација помеѓу родителот и децата, моќ и изолација; сите заедно и истовремено ѝ даваат смисла на изложената сцена. 

 

Бугарија: ДРАМСКИ И КУКЛЕН ТЕАТАР ПАЗАРЏИК 

„ПУКАНКИ“

Автор: Бен Елтон

Режија: Михаил Петров

Играат: Димитар Терзиев, Тодор Кајков, Јоана Микова, Диана Досева, Захаринка Терзиева, Ива Огњанова, Нели Ангелкова – Сиракова, Димитар Кузев и Александар Братоев

„Пуканки“ е сатира за безогледната власт на медиумите како средство за масовна манипулација во современиот свет. Главниот лик – Брус Деламитри снима филмови со црн хумор во кои главните ликови се убијци. Тие уживаат огромен успех меѓу гледачите и се добро оценети од критичарите. Двајцата вистински убијци – Вејн и Скот, една ноќ влегуваат во домот на филмски режисер. Одбираат не било која ноќ, туку токму таа кога се доделуваат наградите за Оскар, каде Брус ја добива главната награда.

Започнуваат исполнети со хумор, изненадувања и игра на нерви и опсада во која се задоволство се вклучува и телевизијата.