3/5

МТФ СКУПИ ФЕСТИВАЛ 2009
03/11/2009 - 10/11/2009

3/5

Во овој случај 3/5 не е математичка равенка, туку знак кој го објаснува обидот за зачувување на континуитетот на една традиција. Балканското античко наследство има поминато над 2500 години, но каде остана традицијата? Постои ли традиција без континуитет? Ниту 3, ниту 5. За КосоваИнфест оваа година е шеста од постоењето, но оваа година КосоваИнфест ја има својата петта изведба, бидејќи една година беше прекинат континуитетот. На секои четири години, ние хомо балканус-ите задоцнуваме по една година. Ако четири години со по една задоцнување се подели со 2 илјади години балканска антика, може да се сфати зошто сме останале толку далеку во провинцијата на цивилизациите. Годинава ќе беше шесто издание на КосоваИнфест, а не како што е сега петто, ќе беше шесто доколку на овој наш проклет Балкан политиката не би имала можност да ги плетка нејзините раскрвавени раце во душевната и хуманитарно-естетска работа на уметноста, посебно што таа толку лесно знае да се претвори во тезга на епигоните кои не се срамат да ги присвојат костумите на мртвите, но само откако ќе ги убијат.

Но, не сакам да ú судам на политиката, не е хигиенски, ниту пак на уметниците кои ú служат на неа, туку сакам да ја прекорам балканската уметност која сè уште нема сила да се оттргне себеси од рацете на уметниците политичари. Колку лошо, сепак не можеме да се нахраниме себеси без милоста на политичките патрони, а ние мислиме дека тие се луди, додека тие продолжуваат да не користат за грст долари. Но, што знам, можеби ваквите театарски проблеми не се појава само на Балканот, можеби Балканот е жртва на задоцнувањата споменати погоре, задоцнувања кое се иницирани од чекањето пред вратите на Европа, каде уметноста би требало да влезе без да тропне, каде не можат да влезат останатите и да го отвори патот уметноста, хуманоста, а не политиката.

Теки Дервиши (1943 – 2011)

 

Германија: НАРОДЕН ТЕАТАР НА ГЕРМАНИЈА - БЕРЛИН

„ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ“

Автор: Никојал Гогољ

Режија: Хана Рудолф 

Сценографија: Мариел Кретек

Костими: Џералдин Арнолд

Музика: Јакоб Суске

Драматург: Фелицитас Цуркер

Дизајнер на светло: Хајнрик Елмигер 

Игра: Самуел Финци

 

Албанија: НАРОДЕН ТЕАТАР НА АЛБАНИЈА – ТИРАНА 

„МОЌТА НА ТРАДИЦИЈАТА“

Автор: Томас Бернард

Режисер: Кристијан Папке

Асистент: Еглантина Ценомери

Кореограф: Ѓерѓ Превази

Играат: Васјан Лами, Неритан Личај, Арбен Дерхеми, Елтон Чефа, Суада Хоџа

 

Франција

„ВИЗИЈАТА НА БАРОНТИУС“

Режисер и актер: Стефан Годфрој

Контрабас и актер: Мишел Тузу

Музика: Мишел Тузу

Сценографија: Aлан Вулетрон 

Светло: Клод Фонтен 

Костими: Фенет Бенер

Асистент: Франсоа Арион

Менаџер и техника: Фида Моисен, Бено Лаоз
 

Италија: ТЕАТАР ПЕТ МИЛАНО  

„IN –CONTRO/CANTO“

Според текст на Назим Хикмет

Драматизација: Алесандро Дел Бјанко

Режија: Ирина Гали

Играат: Леонардо Биларди, Валериа Импедово, Петра Круз, Леонардо Манцини  

 

Хрватска: НАРОДЕН ТЕАТАР СПЛИТ 

„БОГОТ НА КРВОПРОЛЕВАЊЕТО“

Автор: Јасмина Реза

Превод: Ксенија Јанчиќ

Режија: Нени Делместре

Аудио – визуелен дизајн: Лина Венгоечеа

Дизајн на светло: Зоран Михановиќ

Играат: Вероник Холи, Снежана Синовчиќ Шишков, Мишел Холи, Трпимир Јуркиќ, Анет Рел, Нивес Новаковиќ, Ален Рел, Елвис Бошњак

 

Бугарија: ГРАДСКИ ТЕАТАР ПАЗАРЏИК 

„И ЈАС СУМ КЕТРИН ДЕНЕВ“

Автор: Пиер Нот

Режија: Владимир Петков

Музика: Петја Диманова

Сценографија: Петар Митев

Играат: Росица Александровна, Диана Досева, Ива Огнјанова, Веселин Мишев

 

Босна и Херцеговина: КАМЕРЕН ТЕАТАР 55 САРАЕВО

„БОГОТ НА КРВОПРОЛЕВАЊЕТО“

Автор: Јасмина Реза

Режија: Миралем Зубчевиќ

Играат: Татјана Шојиќ, Мирза Халиловиќ, Гордфана Бобан, Мирсад Тука
 

Швајцарија

„СЕЌАВАЊЕ НА НОЌТА“

Улоги: Филип Бо

Техника: Тобиас Мулер, Марион Ноел

Дизајнер на светло: Тобиас Мулер

Сценографија: Марк Каламе

Костими: Карла Пранг, Инеке Бухс