IN THEATER IN

МТФ СКУПИ ФЕСТИВАЛ 2008
03/11/2008 - 09/11/2008

EPPUR SI MUOVE!

Многумина го отпишаа велејќи дека ја губи битката со далеку помоќните медиуми како телевизијата, филмот па и интернетот. Вистина, неговите илјадници години му беа оставиле лузни, но токму тие лузни го прават попривлечен. Еве денес некои нови генерации му го откриваат шармот полнејќи ги одново салите во потрага по она неповторливо искуство на размена на страсти, емоции, живот... Затоа со голема радост изразувајќи се во нов жаргон, велиме дека театарот е ИН! Да се биде сведок на создавање уметност во реално време и да се биде дел од сето тоа е неповторлив чин, возможен само во неговите сали. Затоа го упатуваме повикот до вас да влезете во него и затоа IN THEATRE. За неговата гостопримливост сведочат уште неговите антички почетоци кога во изведбите публиката се насладувала со денови не сакајќи да го прекине тој чудесен миг на творештво. И денес тој останува верен на таа традиција на гостољубивост и топол домаќин. Затоа велиме THEATRE IN(N). Некои љубат да му го користат името во погрдна смисла (немојте да ми правите театар, ова не е театар ова е сериозна работа...). Ним им порачуваме да го остават на мира и таму каде што му е местото. Затоа THEATRE IN THEATRE. Сакајќи да го изразиме бесконечното во театарот овогодинешното издание на Скупи Фестивал го носи мотото: „... THEATRE IN THEATRE IN ...“

ИГРИТЕ МОЖАТ ДА ЗАПОЧНАТ!!!

„ТЕЛОТО НА ЖЕНАТА КАКО БОЈНО ПОЛЕ“

Турција: ГРАДСКИ ТЕАТАР, ИСТАМБУЛ

Автор: Матеј Вишниек

Режија: Орхан Аклаја

Сценографија и костими: Тацисер Севинч

Играат: Асли Ичозу, Асли Онгорен, Музафер Бериша

 

„МАЈКА“

Словенија: ТЕАТАР КОПAР

Автор: Весна Фурналиќ Балентиниќ

Режија: Ник Апер

Драматург: Гашпер Малеј

Сценографија и костими: Урбан Белина

 

„ЗА МЕНЕ, МИРЈАМ И САНДРИ“

Албанија: НАРОДЕН ТЕАТАР „А.З. ЧАЈИПИ“ – КОРЧА

Автор: Хаќиф Мулиќи

Режија: Милто Кутали

Играат: Алфред Требицка, Замира Кита, Шкелќим Јакупи, Ригораќ Риза

 

„ТРОЈАНКИ“

Италија: ТЕАТАР ПЕТ – МИЛАНО

Автор: Еврипид

Режија и кореографија: Ирина Гали

Играат: Даниела Гамба, Валериа Импедово, Симона Ломбардели, Мариа Виториа Мартини, Моника Маглиароти, Летициа Сири

 

„ДОМАНИ“

Италија: ТЕАТАР ПЕТ – МИЛАНО   

Автор: Алесандро Дел Бианко

Режија: Алесандро Дел Бианко

Играат: Алесандро Дел Бианко, Ирина Гали, Мариа Виториа Мартини, Моника Маглиароти, Масино Тодини, Елисабета Фрацацрета, Даниела Гамба

 

„ШОК ТЕРАПИЈА“

Германија: ПРИВАТЕН ТЕАТАР КОТБУС

Кореограф: Голде Гунске

Играат: Јулиане Бауер, Ане Брингман, Ана Фингерхут, Дорен Хеидриџ, Бетина Палета

 

„ЗБОРОТ НА ТИШИНАТА“

Францијa

Aвтор: Лорент Декол

Независна претстава посветена на Марсел Марсеа, познат како „Мр. Бип“

 

„ЅВЕР И МЕСЕЧИНА“

Босна и Херцеговина: ТЕАТАР ЗА МЛАДИ, МОСТАР

Автор: Ричард Калиновски

Режија: Дино Мустафиќ

Сценографија и костими: Вања Поповиќ

Играат: Јелена Кордиќ, Епмин Браво, Борис Лер

 

„ЛЕБЕДОВА ПЕСНА“

Бугарија: ОПШТИНСКИ ТЕАТАР, НЕСЕБАР

Автор: А.П. Чехов

Режија: Димитар Еленов

Музика: Златина Пентелеева

Кореографија: Галина Калчева