ИГРАЈ ЗА ДА БИДЕШ

МТФ СКУПИ ФЕСТИВАЛ 2007
12/11/2007 - 21/11/2007

ИГРАЈ ЗА ДА БИДЕШ...

Како впечаток на сетилата, производ на имагинацијата, приказна, превирање и страст, театарот ќе остане засекогаш важен дел од човековото признание. Општа перспектива на изгледот, на животот, бидејќи тој во сите аспекти е многу совршен и секој негов дел изгледа како да го претставува попрецизно самиoт живот. Ограничувањата со краткото време и прилично големиот простор, не дозволуваат да се реализира целосно имитацијата на она што се случува во реалниот свет. Прашањето, за да може да се знае, за тоа што треба да гледа гледачот, или само да разбере од претставата, нема мало значење што се однесува до уметничката претстава. Во суштина, скршнувајќи го малку изгледот на тоа што е природно, сосема е возможно да го скренеме малку посилно вниманието на гледачот кон главните работи со цел тој да ги задржува мислите на другите или да ги оправдува тие. До која мера можеме да му приредиме на гледачот повеќе од еден обичен разговор без да се оддалечиме многу од природното?

Играј за да живееш...

Првиот меѓународен театарски фестивал „СкупиФестивал“ носи избор на одбрани дела на десет театарски трупи, кои за прв пат се претставуваат пред публиката на Албанскиот драмски театар. Се обидовме да претставиме чувствителен колаж, кој може да ја зачува силата и убавината на современата оригиналност, нудејќи ѝ на публиката восхитувачко богатство на сцени, настани и личности каде хуморот, трагедијата и сатирата те погодуваат и тераат да се задлабиш во бујната фантазија на современиот диверзитет.

Следејќи го „СкупиФестивал“, ќе сретнеме галерија на карактери, настани и дела од најчудните и најчовечките, каде ќе ги почувствуваме потресите на човековиот дух... Овој фестивал зазема место во културниот живот на земјава останувајќи секогаш свеж и иновативен, стремејќи се да прикаже далечни и блиски дела, личности и изненадувачки настани.

Светот е полн со чуда, но едно од најголемите чуда е театарот.

Играј за да бидеш...

 

„БЕЛИОТ ГАВРАН“

Албанија: НАЦИОНАЛЕН ТЕАТАР ТИРАНА

Автор и режисер: Михалаќ Љуараси

Актери: Ндричим Џепа, Љуиза Џувани, Рајмонда Буљку, Еди Љуараси, Бујар Асќериу, Меркур Бозго, Љутфи Хоџа, Сокољ Анѓели, Љуљзим Заљја

Корупцијата на функционерите и поврзаноста на одредени политички сегменти со организираниот криминал е проблемот кој го загрижува авторот на оваа драма, и проблемот кој ги загрижува сите граѓани во петнаесет-годишната транзиција на Албанија. Драмата го претставува личниот живот и активностите на Илир Деми, бизнисмен кој е најден убиен во својата канцеларија.

 

„ОД ДРУГАТА СТРАНА“

Хрватска: МЛАДИНСКИ ТЕАТАР ЗАГРЕБ   

Од Наташа Рајковиќ и Бобо Јелчиќ

Актери: Ксенија Маринковиќ, Крешимир Микиќ, јадранка Ѓокиќ, Никиша Бутијар

„Од другата страна“ е претстава која го третира осаменичкиот живот на четири лица и нивните обиди да ни ја раскажат секој сопствената приказна. Можеби овие приказни не се особено важни или посебни, но за нив се многу значајни. Иако секоја приказна на крајот завршува со иста реченица, добро е да се знае дека истата може да се искаже на милион начини. Може да се каже дека не е ни чудно што луѓето во четириесетите години од животот, имаат чувство дека нивниот живот нема некоја посебна смисла. Токму тоа е таа средовечна криза.

 

„ОД Х ВО Х“

Црна Гора: ФИАТ И НИКШИЧКО ПОЗОРИШТЕ

Концепт, режија и сценографија: Петар Пејаковиќ

Актери: Катарина Крек, Славко Калезиќ, Миливоје Обрадовиќ, Душан Муриќ, Славиша Грубиша

„Ја постави топката на единаесет-метарската означена точка, отиде да земе залет и никогаш не се врати.“

Претставата „Од Х во Х“ е комичен колаж, посветен на фудбалот. Низ претставата се формира колаж кој ги отсликува мотивите од и за „најважната споредна работа на светот“. Петмината млади актери не глумат, туку во свое име изведуваат нешта, кои укажуваат на светлата и темната страна на современиот фудбал.

 

„ГОСПОДИН СИНГЛ“

Хрватска: ТЕАТАР ЕГЗИТ, ЗАГРЕБ

Перформанс на Жељко Вукмирица

Автори и режисери: Жељко Вукмирица, Матко Рагуз, Павлица Бајсиќ

Ние честопати чекориме по трагите на Г-дин Сингл. Во светот создаден од него. Неговата благо-наведната глава, потсетува на геометријата на неговите чекори. Секојдневна геометрија. Гласовите на осамената битка која не може да ја добие, се преобразуваaт во значаен и познат јазик. Г-дин Сингл станува „Г-дин Сингл“.


„СЛУЧАЈНА СМРТ НА ЕДЕН АНАРХИСТ“

Македонија: АЛБАНСКИ ТЕАТАР, СКОПЈЕ

Автор: Дарио Фо

Режија: Ељмазе Нура

Играат: Осман Ахмети, Салаетин Билал, Мендим Муртези, Седефин Шабани, Мирљинда Саити, Висар Етеми

„Случајната смрт на еден анархист“ е комедија која се надоврзува на сомнежите околу смртта на еден анархист. Имено, зад маската на ова, комедијата го отсликува криминалот, државната корупција, политичките убиства, и така натаму... „Случајната смрт на еден анархист“ го документира настанот од една епизода во италијанската историја, која е позната како Година на челикот, што всушност е бран терористички напади, кој започна на крајот од 60-тите години и траеше сè до почетокот на 80-тите години.
 

„МИМАР“

Босна и Херцеговина

По истоимениот текст на Рефик Хамзиќ

Режија: Сеад Џулиќ

Играат: Доминик Бајо, Армин Хаџимушиќ, Христина Моуратидоу, Амира Прутина, Емица Капетановиќ

Навистина, од кога е Бог и Светот, од кога е човековиот род во него постојат и делуваат луѓе ГРАДИТЕЛИ и УНИШТУВАЧИ кои веќе изграденото го рушат и уништуваат како едиствен начин на постоење. За човекот ГРАДИТЕЛ потребно е пред сè, да го стекне и да научи со гордост да го носи УБАВИОТ ЧОВЕЧКИ ЛИК. Потоа да знае да го чита космосот и неговото значење и да го впишува на градбите. Да им даде лик, облик на сегашните (овоземните) материјали и да ги именува истите пред да му се предаде на времето...

 

„БУРА“

Бугарија: ДРАМСКИ ТЕАТАР „КОНСТАНТИН ВЕЛИЧКОВ“ ПАЗАРЏИК

Од Вилијам Шекспир

Режија: Владлен Александров

Играат: Димитри Терзиев, Георги Керменски, Диана Досева, Христо Бонин, Гроздан Даскалев, Веселин Мишев, Александар Пасков, Тодор Каиков, Димитар Кузев

„Бура“ се смета за последно дело на Шекспир. Мотив за ова дело се расказите на англиските морнари за далечните и непознати мориња. Но за Шекспир не бил толку од интерес расказот за морињата, колку што било истражувањето на човековата душа и неубавиот начин на живеење – живот, кој самите луѓе го создаваат против законот на природата и во спротиставеност со самите себе.

 

„ЖЕНСКОТО ТЕЛО КАКО БОЈНО ПОЛЕ“

Франција: ПРОДУКЦИЈА EUROPA’ARTES COMPANY

Автор: Матеи Висниец

Режија: Александра Бадеа

Играат: Мадалина Константин, Карин Пиази

“La femme comme champ de bataille“ или „Женското тело како бојно поле“ е приказна за две човечки судбини за време на војната во Босна. Но овој историски настан во себе содржи разбирање на анализата за човечката мизерија, насилство и лудило предизвикани од национализмот. Тука е Дора, жртва на силување од еден маж, кој можел да ѝ биде сосед, другар од училиште, другар на нејзиниот брат...

Компанијата Europa’Artes е продукт на едно уметничко патување, на кое, на површината излегува мултикултурниот дијалог, со цел да го разбие и прошири нашето културно наследство. Нашата цел е да ги поместиме современите граници.

 

„ИСКЛУЧИ ГО МИНИСТЕРОТ ОД ШТЕКЕР“

Косово: НАЦИОНАЛЕН ТЕАТАР ЃАКОВА

Автор: Ерик Идле

Режија: Илир Бокши

Играат: Арта Мучај, Мервете Куртиши, Ернест Мањазогу, Греса Паласка, Хисен Бинаку, Иљбер Барди, Рамазан Беркани, Бехар Зенељи

Комедијата „Исклучи го министерот од штекер“ во својата содржина и во режисерскиот концепт, ја прикажува борбата за политичка власт и тенденцијата на финансиското наследство во одредено општество. Преку ситуациите испреплетени со интриги, сарказам и со ликови, колку интелектуалци толку и наивни, се создава одлична комедија која може да се случи само во семејството Чарлсови.   

 

„ВИА“

Италија

Идеја и проект на Фабрицио Сакомано и Стефано Де Сантис

Автор и режија: Фабрицио Сакомано

Играат: Фабрицио Сакомано, Кристина Милети

Претставата почнува со низа адреси во едно гратче во Саленто, кои се губат низ патувањето кое се раскажува, за да се претворат во посебна миграциска историја: Италија во пост-военото време, договорите помеѓу новата Италијанска Република и Белгија. Две столчиња, една ламба и двајца актери на сцената. Претставата е напишана од луѓе со обично минато, кое е окарактеризирано со семејна миграција. 

 

„ДЕМОНОТ ОД ДЕБАРМААЛО“

Македонија: ДРАМСКИ ТЕАТАР, СКОПЈЕ

Автор: Горан Стефановски

Режија: Слободан Унковски

Играат: Јовица Михајловски, Билјана Беличанец – Алексиќ, Дејан Лилиќ, Драган Спасов, Сашо Тасевски, Марин Бабиќ, Диме Илиев, Јелена Жугиќ 

„Демонот од Дебар Маало“ е урнебесна трагикомедија која отвора некои од горливите проблеми на македонското општество. Приказната орбитира околу ликот на берберот Коце, човекот кој во времето на осамостојувањето на Македонија, во 1991 година, е осуден и недолжен поминува 15 години во затвор. Откако е пуштен на слобода тој е шокиран од она што се случило во меѓувреме и најпрвин инцидентно, а потоа сосема свесно почнува да го чисти општеството од сите негативни појави.

 

Жири:

Доминик Долмие

Ветон Ибраими

Мирко Краљев​

Најдобра престава за 2007 година: „Демонот од Дебар Маало“